ОГЛАСИ

Изложба на Сашо Блажес во спомен куќата на Ванѓел Коџоман во Струга

Култура | Македонија | 20.12.2017 07:00Посети : 231

На 23.12.2017 сабота во 18 часот во галеријата на спомен куќата на Ванѓел Коџоман во Струга се отвара самостојната изложба насловена Папата и новата кукла на ликовниот уметник Сашо Блажес. Изложбата ќе трае до 15 јануари 2018 година.



-Користејќи примери од историјата на уметноста, поп (шунд) културата на едни поранешни времиња, како и свои пријатели (и себе си), Блажес не само што допира до иронизирање на интимните психолошки доживувања, туку завлегува и во доменот на социјалната антропологија преку критички однос кон “иконите“ на масовната уметност и култура. Неговите „наративи“ се одраз на лицето и опачината на еден специфичен естетски формализам, но и своевидна пост-поп артистичка носталгична референца на одредени трагови и симболи од минатото. - вели Маја Чанкуловска Михајловска, кустос при Националната Галерија на Македонија.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 290 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833