ОГЛАСИ

Видео: „Зимска бајка 2017“ - едно поинакво културно доживување

OhridNews TV | OhridNews TV | 25.12.2017 11:18Посети : 2902

Се' уште силно одекнуваат коментарите за најновото издание на забавната манифестација „Зимска бајка 2017“, што викендов се одржа во Центарот за култура во Охрид, кое на охридската публика и овозможи едно поинакво културно доживување. Силните аплаузи, насмеаните и ведри лица на присутните после завршувањето на настанот само го потврдуваат квалитетот на оваа автентична охридска приказна, која расте од година во година. Настапот, пак, на музичките уметници и одличниот хумор на Two mothers brothers И Сашко Коцев со денови се главна тема на разговор во градот.


- „Зимска бајка“ како концепт расте од година во година. Позитивните реакции за настанот се само потврда дека сме на вистинскиот пат, а Охрид, како што му доликува, има публика која сака култура и знае да препознае квалитет. Им благодарам на уметниците и на сите инволвирани во организацијата на шоуто за професионалниот однос. Голема благодарност до општина Охрид и градоначалникот Јован Стојаноски за силната поддршка на настанот кој оваа година е дел од манифестацијата „Од 20 до 20 сите во Охрид“ што ја организира градот во насока на развој на туризмот и збогатување на празничната понуда на Охрид, на компанијата АСП ПАК за несебичната помош во реализацијата на манифестацијата и покажаната општествена одговорност за поддршка на хуманитарниот проект за лицата со оштетен вид, како и на сите помагатели кои придонесоа за успешна реализација на „Зимската бајка“. Се надевам дека оваа убава традиција која веќе е препознатлив бренд, ќе продолжи, ќе расте и ќе се развива. - изјави Горан Момироски, главен и одговорен уредник на интернет порталот OhridNews, организатор и медиумски покровител на „Зимска бајка“.

Како изгледаше „Зимска бајка 2017“, што кажаа учесниците и какви впечатоци понесе публиката, погледнете во краткото видео што го направи продукцијата "Love & Life".


 


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

OhridNews TV

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 36 гласови (19%)

Полуфинале - 96 гласови (50%)

Финале - 59 гласови (31%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833