ОГЛАСИ

Заев: 2018 ќе биде добра година за економски раст и за развој на инвестициите

Вести | Македонија | 03.01.2018 07:00Посети : 244

Показателите за реализацијата на буџетот во 2017 година дава оптимизам дека 2018 година, ќе биде година на Македонија, истакна претседателот на владата Зоран Заев по работната средба со министерот за финансии Тевдовски.



„Верувам дека успешноста на оваа влада во 2018 година ќе се мери и по многу други работи. Тука се меѓународните интеграции, но она што го очекуваат граѓаните е да почувствуваат и економски ефекти дома. Затоа овој ден, како прв работен ден во новата година е убава можност да најавиме дека оптимизмот што се јавува на почетокот на оваа година, врз основа на рекапитуларот на 2017 година, најавуваат добра година. Тоа потврдува дека не е време за избори, туку време е за работа. Знаејки го тоа, уште еднаш сакам да ја испратам пораката дека деловните луѓе можат слободно да ги прават своите планови, и дека во 2018 година ќе правиме сè да имплементираме важни стратегиски определби. Дел од тие определби секако ќе бидат и можностите домашните инвеститори да прават слободно развојни планови, заедно со банките и со сопствените потенцијали. Владата ќе направи сè за да ги поддржи тие планови за севкупниот раст на БДП. Убеден сум дека во 2018 година конечно ќе ја оставиме политичката криза зад нас, и дека ќе ги реализираме економските перформанси што ќе ги почувствуваат сите граѓани во Република Македонија, зашто знаеме колку е важно секој да има приходи повеќе“, истакна премиерот Заев на прес конференцијата за новинарите. 


Министерот за финансии, Драган Тевдовски, рече дека реализацијата на капиталните инвестиции во Буџетот на Република Македонија во 2017 година е на историски највисоко ниво.

„Во 2016 година капиталните инвестиции изнесувале 16,97 милијарди денари. Остваривме одличен резултат во 2017, ако се знае дека во првата половина на годината беше остварена многу слаба реализација на капиталните расходи. Ние ќе продолжиме со ова темпо на реализација со што ќе се даде силен поттик на вкупниот економски резултат годинава“, рече Тевдовски.

Во однос на зголемената наплата на даноците во 2017 година, како што информира Тевдовски, даночните приходи се за 4,6% повисоки од 2016 година, при раст на сите поважни категории на даноци.

Притоа, додаде тој, Министерството за финансии, во координација со УЈП, во 2017 година реализираше поврат на ДДВ кон фирмите кои што е за 2,2 милијарди денари повисок од 2016 година.

„Ние и во 2018 година ќе продолжиме со неселективна и брзо враќање на ДДВ кон фирмите со што ќе се влијае на подобрување на ликвидноста на стопанството“, порача Тевдовски на прес конференцијата по повод заедничкиот состанок со премиерот Зоран Заев заедно со советниците во нивните кабинети.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 92 гласови (30%)

Не - 215 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833