ОГЛАСИ

Црна Гора во Македонија ја гледа својата шанса на ЕП

Спорт | Свет | 03.01.2018 13:47Посети : 418

Селекцијата на Црна Гора е еден од ривалите на Македонија во групата на Европското првенство во Хрватска, а можеби нивниот дуел во третата рунда ќе одлучува која репрезентација ќе биде последниот патник, ако двете селекции не приредат изненадување претходно на натпреварите со Словенија и Германија.



Подготовките на црногорците не течат според планот за Европското првенство во Хрватска, откако со останатите репрезентативци не тренира Вуко Борозан кој имаше сообраќајна несреќа, а пивотменот Немања Грбовиќ им се приклучи, но се уште не е доволно фит за комплетен тренинг.

- Ситуацијата со Борозан воопшто не е позитивна и под сериозен знак прашалник е доведен неговиот настап на ЕП. Грбовиќ ни се приклучи, но со оглед дека нема одиграно меч од октомври неговите тренинзи се лимитирани, а таква ќе му биде и минутажата. Со овие двајца и без овие двајца во составот ние сме аутсајдери во групата, бидејќи ќе играме со квалитетни и пред се искусни репрезентации на вакви собири. - изјави селекторот Драган Ѓукиќ и додаде - На теренот не победува оној кој е фаворит, туку екипата што повеќе ја посакува победата. Ние ќе играме и на првите два мечеви да победиме, но целиот фокус ни е насочен кон дуелот со Македонија. Македонците живеаат во ракометна бајка, се е на нивна страна, имаат одличен селектор и играчи, но и ние имаме што да покажаме.



Натпреварот помеѓу Македонија и Црна Гора се игра на 17 јануари, а претходно двете селекции ќе ги одмерат силите со Словенија и Германија. Европското првенство започнува на 12 јануари, а завршува на 28 јануари со финалниот натпревар во „Арената“ во Загреб.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 290 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833