ОГЛАСИ

Недела на книгата во КИЦ „Култура 365“ со Маја Мојсова

Живот | Книга | 06.01.2018 14:14Посети : 344

Од 8 до 14 јануари оваа година културно-информативниот центар „Култура 365“ од Охрид ќе ја спроведе традиционалната манифестација „Недела на книгата“ при што посетителите ќе имаат можност да добијат книга како подарок. Овој пат тоа ќе биде книгата „Се смееме низ разговорите на ѕвездите“ од Маја Мојсова.


- Книгата „Се смееме низ разговорите на ѕвездите" од Маја Мојсова е нејзина петта по ред книга, а второ прозно дело. Книгата од страна на Фондацијата Македоника и УНЕСКО беше наградена за најчитана електронска книга за месец август 2016 година. Во неа се поместени современи раскази, со мистична но и реалистична содржина, избор од творештвото на авторот. Мојсова се стреми кон прикажување на поентата, преку градењето на карактери и нивната взаемна животна игра. - велат од КИЦ „Култура 365“. 


ите заинтересирани љубители на пишаниот збор, примерок од книгата можат да подигнат во просториите на КИЦ „Култура 365“ на улица „Цар Самоил“ број 34 во Охрид, во наведениот период секој ден од 10 до 15 часот.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 324 гласови (38%)

Не - 536 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833