ОГЛАСИ

РФМ финансиски ги мотивира македонските репрезентавци

Спорт | Македонија | 12.01.2018 11:52Посети : 271

Ракометна федерација на Македонија (РФМ) им вети награда во финансиски надомест на македонските ракометари за успех на Европското првенство во Хрватска кое започнува денеска.



- На завршниот состанок на управата и стручниот штаб на Ракометната Федерација на Македонија со машките репрезентативни сениори непосредно пред поаѓањето за ЕП2018 во Хрватска, Претседателот на РФМ, г. Живко Мукаетов најави парични премии за репрезентативците за настапите на претстојниот континентален собир.

Имено, Мукаетов најави премија од 30.000 евра за репрезентацијата доколку се оствари пласман во втората фаза од првенството и дополнителни 30.000 евра (или вкупно 60.000 евра) доколку А-тимот обезбеди пласман на некое од првите 6 места на првенството. Доколку машките сениорски репрезентативци пак успеат да стигнат до полу-финалето на ова првенство (пласман во топ 4), Претседателот на РФМ вети премија од дополнителни 40.000 евра или вкупно 100.000 евра за ваков висок пласман на шампионатот.

По исполнување на (некој од) горе наведените услови, споменатите предлози за парични премии ќе бидат предложени за верификација до Управниот одбор на Федерацијата.- стои во соопштението од РФМ.



„Црвено жолтите“ пристигнаа во Загреб го одржаа првиот тренинг, а првиот меч го играат против Словенија сабота (утре) со почеток во 19 часот и 30 минути. Потоа, Македонија силите ќе ги одмери со Црна Гора и на крајот со Германија.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 324 гласови (38%)

Не - 536 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833