ОГЛАСИ

Хотелиерите на средба со градоначалникот за успешно саемско претставување на Охрид

Вести | Охрид | 12.01.2018 16:11Посети : 1226

Со цел што поуспешен настап на претстојните саемски настани за претставување на Охрид како туристичка дестинација, охридските хотелиери денес остварија середба со градоначалникот Јован Стојаноски.



Како што рече градоначалникот Стојаноски, неопходно е да се слушнат мислењата и ставовите на хотелиерите за да се има што поорганизирано заедничко претставување на туристичката понуда на градот.


- За да имаме организиран настап и да одиме по онаа зацртана агенда на локалната самоуправа треба да разговараме со директните актери, бизнис секторот, за тоа што се треба да направи општината за да имаме добар настап, а првичната цел е да утврдиме кои се целните пазари на кои општината треба да ги потпомогне хотелиерите и сите поврзани субјекти со туризмот. Сакаме да го добиеме нивното мислење за се да е во склад со буџетското планирање на средства, тие да се издвојуваат во склад со барањата на целните сегменти и самите граѓани, изјави градоначалникот Стојаноски.



За оваа цел во наредниот период  ќе се одржат уште неколку средби со хотелиерите и претставниците на локалната самоуправа.


OhridNews



© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 84 гласови (29%)

Не - 206 гласови (71%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833