ОГЛАСИ

АБА: Пораз на „галебите“ во Вршац

Спорт | Охрид | 18.01.2018 10:51Посети : 196

Кошаркарите на АВ Охрид претрпеа нов пораз во Јадранската Втора АБА лига, откако изгубија (111-79) на гостувањето кај тимот на Вршац во 14-та рунда од шампионатот.



Охриѓани ја добија само третата четвртина од четирите што е премалку за поволен резултат. „Галебите“ го претрпеа 13-от пораз, додека Вршац продолжи да се бори за плејофот во Втората АБА лига.

- На некои натпревари се гледа напредок во нашата игра, на некои не. Примивме голем број на поени и мораме да признаеме дека играњето во Втората АБА лига моментално е преголем залак за нас. - изјави Петар Чочороски.



Охридските кошаркари немаат премногу време за одмор, бидејќи викендов ги очекува дуел во Куманово со истоимената екипа во Првата лига.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1395 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833