ОГЛАСИ

Бруто плата 2018-најниска и највисока основица за пресметување на придонеси

Вести | Македонија | 25.01.2018 16:40Посети : 990

Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2018 година изнесува 34.079 денари.


Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2018 година (согласно член 15 и член 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).



• Најниската основица за пресметка на придонесите за 2018 година изнесува 17.040,00 денари (50% од 34.079)
• Највисока основица за пресметка на придонесите за 2018 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 545.264,00 денари (16 * 34.079)
• Највисока основица за пресметка на придонесите за 2018 година за самовработено лице изнесува 408.948,00 денари (12 * 34.079)


Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер–МПИН, што може да се најде на интернет страната на УЈП, која го содржи новиот параметар.
Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2018 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1154 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833