ОГЛАСИ

ЗНМ со осуда за нападот врз новинар во Струга

Вести | Охрид | 26.01.2018 16:52Посети : 472

Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува нападот на новинарот на онлајн медиумот Struga Lajm, Арманд Брахо што се случи неделава во хотелот „Дрим“ во Струга. Според исказот на новинарот, насилници од редовите на партијата Алијанса за Албанците го нападнале за време на конференција, на која тој бил уредно поканет.


Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, ги повикува властите брзо да го истражат и да ги казнат насилниците. „Доколку сака новата власт да испрати јасна порака дека нема да толерира напади врз новинари мора да го истражи случајот и да ги изнесе насилниците пред лицето на правдата“ истакна Селмани.



Ваквиот насилнички атак ја потврдува оценката од Извештајот на ЗНМ за степенот на слобода на медиумите и за безбедноста на новинарите во 2017 година каде се вели дека нападите врз новинарите се поттикнати од политичките партии.


Според исказот на Брахо, претседателот на Алијансата Зијадин Села, пред да ја напушти конференцијата во Струга му се обратил со зборовите: – „Бегај одовде и не се враќај повеќе, оди кај тие што те пратиле за да им земеш интервју“. По ова, лица од партијата Алијанса за Албанците почнале да го малтретираат новинарот, го спречиле да ја пренесува конференцијата во живо, а по завршувањето на настанот новинарот бил и физички нападнат.


Брахо ги пријавил насилниците во полиција. Досега едно лице било повикано на распит, по што од МВР изјавија дека ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава против лицето, а се работи и на идентификација на другите насилници.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1236 гласови (88%)

Не - 161 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833