ОГЛАСИ

Романија во никој случај не треба да се потцени

Спорт | Македонија | 28.01.2018 10:54Посети : 329

Селекцијата на Романија стои на патот од репрезентацијата на Македонија за ново, вкупно петто учество на ракометниот Мундијал, кој следната година ќе се одржи во Данска и Германија. Романската селекција нема некоја ракометна супер ѕвезда во составот, но го има Чави Пасквал на клупата кој долги години е на чело на Барселона.



- Со оглед какви противници можевме да добиеме селекцијата на Романија ни е противник по мерка. Романската репрезентација има квалитет, но нивниот џокер е на клупата во името на Чави Пасквал. Во никој случај не смее да се потцени Романија и треба да се одигра максимално добро и концетрирано во двата натпревари. - изјави голманот Никола Митрески.



Истото мислење со голманот го дели Гоце Георгиевски кој моментално настапува во романскиот шампионат. - Женскиот ракомет на романците им е појак од машкиот, но со поставувањето на Пасквал за селекторот покажуваат какви намери имаат. Немаат некоја квалитетна селекција, но во бараж натпреварите се е можно и не смее да се влезе ноншалатно без разлика за кој противник се работи. Ако ние играме како што знаеме, мислам дека ќе нема проблем и ќе обезбедиме нов настап на СП. - потенцираше популарниот Џомба.



Македонија во првиот меч Романија ќе пречека во Скопје, а реваншот „црвено жолтите“ ќе го одиграат на гостински терен. Бараж дуелите на програмата ќе се играат во јуни месец.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1412 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833