ОГЛАСИ

Градоначалникот ја повлече точката за утврдување на надоместокот за поставување на урбана опрема и најави средба со угостителите

Вести | Охрид | 29.01.2018 13:36Посети : 1730

Заради реакциите на Еснафот на угостители и јавноста, градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски, на денешната 10-та седница на советот, ја повлече од дневен ред точката за утврдување на висината на надоместокот за поставување на урбана опрема.


-За неколку дена ќе закежеме средба со угостителскиот еснаф и отворено ќе ги искажеме ставовите и од наша и од нивна страна, и ќе продискутираме околу комуналната такса и надоместокот за поставување на урбана опрема. Точката којашто беше поврзана со надоместокот за урбана опрема на оваа седница ја повлековме и ќе ја разгледуваме на наредната седница, а до тогаш ќе ги обавиме потребните консултации. Тоа е сосема коректно и легитимно од страна на градоначалникот кога реагираат граѓаните и оние кои се засегнати од оваа одлука. - истакна градоначалникот Јован Стојаноски.



Стојаноски појасни дека во јавноста се создала погрешна слика околу покачување на јавните давачки за угостителите, посочувајќи дека корекција има само во еден сегмент.


-Поскапувањето беше само во делот на поставување на урбана опрема и тоа само во делот на поставување на маси и столици и периодот во кој може да се постави таа урбана опрема.- објасни градоначалникот Стојаноски.


Еснафот на угостители од Охрид пред одржувањето на денешната седница побара да биде одложена расправата за утврдување на надоместокот за поставување урбана опрема и упати барање за средба со претставници на локалната самоуправа, што беше прифатено од локалната сампуправа.



Инаку, на денешната седница со 12 гласа „За“, советниците ја изгласаа Предлог - програмата за поставување урбана опрема на територијата на општина Охрид за 2018 година.


Г.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 563 гласови (31%)

Не - 1257 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833