ОГЛАСИ

Судењето за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски повторно одложено

Вести | Охрид | 30.01.2018 13:05Посети : 1184

Повторениот судски процес против Бојан Угреновиќ (30), од Краљево-Република Србија, обвинет за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски (27), што се случи на дочекот на Нова година во 2016 година, повторно е одложено. Обвинетиот кој од 27-ми јули 2017 се брани од слобода и денеска не се појави на закажаното рочиште во Основниот суд во Охрид.


Како што беше кажано, поради здравствени проблеми на бранителот на обвинетиот Бојан Угреновиќ, со решение на Претседателот на Основниот суд Охрид, адвокатот Емил Балабан е разрешен, а за нов бранител по службена должност е назначен адвокатот Ристо Новакоски. Новакоски доставил известување до судот за неприсуство, по што судијката Весна Кичеец го одложи судењето и го презакажа за 20-ти февруари.


Досега неколку пати се одложува почетокот на повторениот судски процес откако апелацискиот суд во Битола ја укина првичната одлука на Основниот суд Охрид, кој обвинетиот Бојан Угреновиќ го осуди на казна затвор од 16 години и го врати предметот на повторно судење.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 583 гласови (31%)

Не - 1306 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833