ОГЛАСИ

Две лица извршиле кражби во објекти низ Охрид

Вести | Охрид | 30.01.2018 13:17Посети : 1887

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишно лице од гостиварското село Врапчиште и 21-годишно лице од Битола, поради постоење на основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“, „тешка кражба во обид“ и „кражба“.


Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавените, заедно сториле пет кривични дела „тешка кражба” и една „тешка кражба во обид”, додека лицето од Врапчиште самостојно сторило вкупно седум кривични дела „тешка кражба”, седум кривични дела „тешка кражба во обид“ и една „кражба“. Двете лица делата ги извршиле во периодот од 03.12. до 06.12.2017 година во повеќе деловни објекти во Охрид.



Користејќи подесен алат, насилно ги отворале вратите од аптеки, менувачници, пекари, канцеларии на осигурителни компании, ресторани, маркети и повеќе помали продавници лоцирани на булеварот „Туристичка“ и на други улици во градот. Со извршувањето на наведените кривични дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 381.200 денари.


Поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“, Полициската станица од Кичево, исто така, поднесе кривична пријава против лицето од Врапчиште. Тој ги сторил делата на 08.01.2018 година во раните утрински часови во стовариште на магистралниот пат Кичево-Гостивар и во угостителски објект на планинскиот превој „Стража“. Со подесен алат и физичка сила тој ги отворал влезните врати, влегувал и одзел 43.000 денари од стовариштето и околу 5.000 денари од угостителскиот објект.


OhridNews     
      



© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1153 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833