ОГЛАСИ

Градоначалникот со отчет за сработеното во изминатите 100 дена.Најави низа реконструкции

Вести | Охрид | 30.01.2018 14:19Посети : 2168

Реализираниот Проект„ Од 20 до 20- ти сите во Охрид“, реконструкцијата на кровот од градинката „Развигорче“, извршена промена на системот за греење во градинката „Росица“, се дел од реализираните активности на новата локална власт во изминатите 100 дена. Како што потенцира градоначалникот Јован Стојаноски, во денешниот отчет за сработеното во изминатите 100 дена, изборите се случиле во период кога немало можност за објава на тендери, а при тоа не бил оставен ниту еден проект од минатата локална власт.



- Периодов го започнавме со објавување на тендери за изработка на проектни документации. Општина за сите, е оној проект којшто го зацртавме, го ветивме и ги отворивме вратите за сите граѓани на Општина Охрид, а го отворивме и новото крило на општинската зграда, рече Стојаноски. 


Градоначалникот информира дека во тек се активности за изработка на основни проекти за: реконструкција на улицата „Коста Абраш“ која вклучува и уредување на плоштад „Табана“, реконструкција на плоштадот кај Чинарот со краковите  „Гоце Делчев“ и „7-ми Ноември“, изградба на пешачка патека од Саат кула до старото училиште „Свети Сава“.


Во тек е изработка на проектно- техничка документација  за целосна  реконструкција и поставување на атмосферска канализација  на  улица „7-ми Ноември“ од  кружниот тек кај Здружението на возачи до пресекот со улицата „Егејска“, а се подготвува и документацијата за реконструкција на улицата „Абас Емин“. Договорите со  Владата и министерството за животна средина и просторно планирање за да  доизградба и реконструкција на колекторскиот систем се завршени. Се подготвува студијата за Студенчишко блато, а се работи и на решавање на проблемот за изградба на марина.



- Би напоменал дека во јавното претпријатие „Проаква“ го решивме долгогодишниот проблем со доцнење на уплатата на придонесите за здравствено осигурување на вработените во работната единица во Охрид. Еден од најважните проекти за охриѓани е  воведувањето на гасификација во Охрид, а се работи и на целосното ставање во функција на просторот на поранешната касарна „Михајло Апостолски“, рече градоначалникот.


Стојаноски истакна дека активностите за развој на општината, подобрување на квалитетот на животот за граѓаните ќе продолжат. Сето тоа проследено со транспарентно, отчетно и отворено работење на локалната самоуправа.


OhridNews



© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 559 гласови (31%)

Не - 1240 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833