ОГЛАСИ

Свечен коктел на Ј.П. „Билјанини Извори“ за екипите кои се подготвуваат во Охрид

Спорт | Охрид | 30.01.2018 15:01Посети : 2092

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ со свечен коктел на кои присуствуваа преставници од екипите кои се подготвуваат или играат мечеви во Охрид им се заблогадари за довербата.



Директорката на Ј.П. „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска и Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски им врачија пригодни подароци од градот на преставниците од екипите.




- Од екипите кои доаѓаат на подготовки во Охрид и ги користат нашите терени нема бенефит само Ј.П. „Билјанини Извори“, туку целиот град, бидејќи се развива спортскиот туризам во период кога стагнира останатиот. Со одредени инвестиции во терени ќе се зголеми понудата и ќе дојдат што повеќе екипи во Охрид на подготовки. - изјави директорката Јованоска.




Директорката Јованоска и тимот кој се грижи за терените на СРЦ „Билјанини Извори“.


Првиот човек на Фудбалскиот клуб Мачва, Ивица Краљ кој е прославен голман има само пофални зборови за градот Охрид во кој прв доаѓа со екипата. - Јас доаѓам втор пат, но екипата доаѓа прв пат и сите остануваат без зборови. Кога им кажував што ги очекува не ми веруваа, но самите имаат можност да се уверат во убавините и условите за работа во Охрид. - истакна голманот.




Моментално во Охрид има околу десеттина екипи на подготовки, а уште толку доѓаат да играат тест натпревари во кои ја брусат формата за националните шампионати во кои се натпреваруваат.


Мх.П.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1380 гласови (88%)

Не - 184 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833