ОГЛАСИ

Дац си поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на МНТ

Вести | Македонија | 31.01.2018 22:41Посети : 588

Актерот Драган Спасовски Дац, кој синоќа учествуваше во сообраќајна незгода во која полесно е повредена девојка, при што било констатирано дека тој  управувал моторно возило под дејство на алкохол, денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на МНТ.


Одлуката која подоцна беше прифатена од министерот за култура, Дац ја образложи на Фејсбук:


''По повод синоќешниот сообраќаен инцидент во кој бев учесник, инцидент кој што со молскавична брзина предизвика безброј малициозни наслови и коментари кои одекнаа во јавноста и социјалните мрежи, чувствувам потреба да се обратам до нашата јавност со вистинското објаснување за настанот.


Вчера вечер враќајки се со мојот автомобил кон дома, кај “Шампионче”, се случи сообраќаен инцидент во кој учество имав јас и девојка на возраст од дваесетина години. Факт е дека среќата беше на наша страна (на девојката и моја), при што девојката беше апсолутно неповредена. Сочекавме увидна екипа на МВР на место на настанот а потоа девојката, јас и мојата сопруга, заминавме заедно до првата здравствена установа на превентивен преглед (за секој случај ) каде е утврдено дека девојката е неповредена.


За нејзиниот претрпен страв и стрес немам право да зборувам. Мојата претпоставена вина е што неколку минути пред настанот имав испиено една чашка алкохол, поради што , при алко тестот на лице место, мојот наод беше позитивен.


Сакам да ја известам јавноста дека поради настанот длабоко жалам и воедно искрено и се извинувам на девојката и на нејзиното семејството (името на девојката од нормални причини го изоставувам) за претрпениот страв и стрес и дека во име на чувството на лична одговорност како човек и јавен службеник во нашата земја, свесен за личната вина, давам неотповиклива оставка на функцијата В.Д. Директор на МНТ.


Оставката е последица на личен чин, како израз на моето морално кредо и ништо повеќе или помалку од тоа. Моето учество во протестите против погубното владеење на претходната Влада најнапред во непочитувањето на уставот и законите, во крајна линија трајното нарушување на јавнот морален дискурс - не беа без причина. Јас се борев против оние за кои не важеа никави правила. Со мојот своеволен избор и следствено оставка, сакам да истакнам дека сум поинаков од оние против кои се борев.


Чувствувам немерлив срам, вина и одговорност. “Сите животни се еднакви, но некои се поеднакви од другите” вели Орвел. Јас како јавна личност и носител на јавна функција имам немерливо поголема одговорност во секаков смисол од одговорноста на обичниот граѓанин. Од таму и мојата оставка и каење за настанот.


И натаму останувам посветен во мојата мисија во градењето на праведно општество со што создавањето или одржувањето на моралната вертикала мора да стане постојан процес . Се гледаме на “штиците кои живот значат”.


Искрено ваш, Драган Спасов Дац''


OhridNews 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1395 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833