ОГЛАСИ

„Совест“:Кривични пријави за инволвираните во изградбата на Али Пашината Џамија

Вести | Охрид | 04.02.2018 13:43Посети : 2147

Од Здружението на граѓани „Совест“, обвинуваат дека и покрај нивните укажувања, надлежните институции продолжуваат со својот молк и непреземање на соодветни акции во врска со изградбата на Али Пашината Џамија во Охрид. Со тоа, тврдат од здружението, инволвираните во нелегалните градежни работи стануваат соучесници во опасни криминални активности.



- Наместо реставрација и конзервациаја, на локалитетот во најстрогиот центар на Охрид се извршуваат градежни рааботи, а за нив нема дозвола од ниедна институција. Актуелниот Министер за култура, Роберт Алаѓозовски, и покрај јавно дадениот збор, дека министерствто ќе ги прекине градежните работи, до овој момент ништо не презеде тоа реално да се оствари. Оваа неактивност на министерот зачудува, бидејќи и тој има информации дека со големи количества бетон се покриваат остатоци на темели на ранохристијанска црква и базилика со значајни мозаици, велат од здружението „Совест“.


Здружението „Совест“ најавува дека ќе поднесе соодветни кривични пријави и дека ќе се побара решение за привремено стопирање на градежните работи и соодветна стручно–инспекциска акција за утврдување на пречекорувањата во процесот на интервенција за обнова на Али Пашината џамија.



© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1394 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833