ОГЛАСИ

СДСМ: Мицкоски одбива да се спротивстави на политиките на деструкција

Вести | Македонија | 05.02.2018 00:13Посети : 566

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со политиките на создавање вештачки поделби, на блокади и на пласирање на лажни вести, коишто се во спротивност со интересите на граѓаните на Република Македонија, смета СДСМ.

-ВМРО-ДПМНЕ, партијата со која раководи Мицкоски, 11 години ги задолжуваше и осиромашуваше граѓаните, а парите од скапите задолжувања ги трошеше на барок, споменици, лускуз и богатење на поединци, со што ја опустоши и уназади економијата. За разлика од таквото расипничко и криминално трошење на парите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со финансиите за краток период успеа да ја стабилизира економијата и да ја направи развојна. Јавниот и државниот долг за првпат по 2009 година се намалени, минималната плата е зголемена на 12.000 денари и важи за вработените во сите индустрии, а преку Планот за економски раст се создаваат услови за нови работни места и повисоки плати. Последен доказ за исправноста на фискалните и економските политики е оценката на меѓународната агенција „Фич“ којашто го промени изгледот на Македонија од негативен во позитивен, со потврден ББ рејтинг. - се вели во партиското соопштение. 

Според СДСМ очигледно е дека Мицковски одбива да се спротивстави на политиките на деструкција и блокади што неговата партија ги прави исклучиво заради лични и еднострани партиски интереси.


-Законот за употребата на јазиците е во согласност со Уставот и Амандманот 5 и со него се унапредува употребата на јазиците на сите незмнозински заедници што живеат во Македонија. Десетиците илјадници поднесени амандмани за само еден закон имаат цел да ги кочат започнатите реформски процеси и со тоа да наштетат на интересите на сите граѓани. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со ваквата политика се противат на европските вредности на единственото и заедничко општество кое го градиме со граѓаните.-велат од СДСМ.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1158 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833