ОГЛАСИ

Охрид го чествува Прличев, врачена наградата за најдобра поема за 2017

Вести | Охрид | 05.02.2018 15:37Посети : 1570

Добивањето на награда која го носи името на еден од гигантите на македонското литературно творештво, е голема чест и се вбројува во еден од најубавите настани во мојот живот, вели авторот на наградена поема „Клучевите“, доц. д-р Гордана Стојаноска, која ја понесе годинешната награда „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2017.


Стојаноска објаснува дека мотивацијата за да ја напише поемата произлегла од состојбата на човекот во современиот свет, постојано изложен на притисоци и најчесто „бомбардиран“ со негативни информации.



- Поемата се обидува да ги стави на вага сите оние врвни вредности како што се вербата, безусловната љубов, силната надеж, храброста, љубопитноста да се открива, желбата да се оди напред, да има прогрес, и тоа претставува едно трагање по одговор дека тие вредности се уште постојат и дека човештвото и човекот како суштество е спремен да се издигне над сето зло кое постои во светот, објаснува Стојаноска.



Од комисијата која ги оценуваше пристигнатите 13 поеми на распишаниот конкурс, потенцираат дека читањето на наградената поема претставувало вистинско задоволство, пред се затоа што станува збор за нималку едноставен и комплексен жанр, кој од една страна е карактеристичен по лирските чувства, а од друга страна е наративен.




- Темата е една внатрешна метаморфоза, духовна, испеана со поткренат тон на возбудлив начин и иако е доста херметична, таа успева да пронајде израз од кој стиховите комуницираат повеќе значајно со читателот и навистина е возбудливо да се чита поемата, велат од комисијата.





Во рамки на свеченоста посветена на лауреатот на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2017, што се одржа денес, присутните гости имаа можност да дознаат повеќе за наградената поема и да ја проследат артистичката изведба на делови од „Клучевите“. Свое обраќање пред присутните имаа и директорот на Центарот за култура, Стрезо Стаматоски и претседателката на советот на општина Охрид.


Активностите во рамки на годинешните Прличеви беседи продолжуваат утре, со манифестацијата „Стихови и звуци за Прличев“ што со почеток во 12 часот ќе се одржи во куќата на Григор Прличев, по што ќе следи промоција на книгата „Сага за Охрид”од Валентина Неловска во просториите на охридската библиотека. Активностите ќе завршат со свечената приредба по повод патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“ што во 19 часот ќе се одржи во Центарот за култура.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1158 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833