ОГЛАСИ

Безбедносни елечиња за првоодделенците од ЛК Лихнидос

Вести | Охрид | 05.02.2018 16:04Посети : 2656

Во соработка со униформирани полициски службеници од СВР Охрид, денес, членовите на ЛК Лихнидос ги посетија првачињата во основното училиште „Св. Климент Охридски“ и одржаа кратко предавање на тема: Сигурноста на најмладите учесници во сообракајот.




- Охридските првачиња се секогаш во фокусот на нашите акции, особено нивната безбедност. За таа цел, денес им поделивме флуоресцентни елечиња, со напомена дека треба да ги носат постојано при одење и враќање од училиште, вели адвокатот Драги Николоски, член на ЛК Лихнидос.




Слични посети се најавуваат и во останатите училишта во градот.


- Покрај првачињата ќе бидат опфатени и родителите и наставниот кадар. Најдобро е да делуваме превентивно и да ја градиме сообраќајната култура уште од најмала возраст, изјави Рубинчо Џавероски, Командир на Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај.



За несебичниот ангажман во успешно спроведување на оваа акција, членовите на клубот Лихнидос изразуваат голема благодарност до директорот на училиштето, Наташа Танеска, Командирот Џавероски и Помошникот Командир, Тони Зеканович.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1158 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833