ОГЛАСИ

Желбата за трансфер на Куртоа, нов проблем за Конте

Спорт | Свет | 07.02.2018 09:48Посети : 399

Менаџерот на Челси, Антонио Конте се наоѓа под голем притисок за слабите резултати на екипата, а нов проблем за италијанскиот стручњак е желбата за трансфер на голманот Тибо Куртоа.



Репрезентативецот на Белгија посакува трансфер во Реал Мадрид, кој веројатно ќе започне со реновирање на тимот после очајните резултати во Ла лига сезонава.

- Нема да го одбијам Реал Мадрид ако испрати понуда до мене. Мадрид како град ми го освои срцето уште кога ги бранев боите на Атлетико Мадрид, затоа веднаш ќе прифатам да се вратам назад. - изјави Куртоа.

25-годишниот голман во Челси од Атлетико Мадрид се пресели во 2014 година, а претходно три години во дресот на „јорганџии“ настапуваше како позајмен од англискиот премиерлигаш кој го купи од Генк 2011 година.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1412 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833