ОГЛАСИ

Фатен извршител на кражби во банки во Охрид, Струга и Кичево

Вести | Охрид | 07.02.2018 13:40Посети : 2648

Во експозитурата на „Шпаркасе“ банка во Кичево, вчера, околу 14 часот, од страна на едно лице со закана со пиштол извршено е казнено дело „разбојништво“. Полициски службеници од полициската станица во Кичево веднаш излегле на терен и по преземени мерки за кратко време било пронајдено и приведено 34-годишно лице од струшкото село Ливада.



- Лицето е затекнато со најлонска црна вреќа и со пари во рацете, црни очила,  раквици и еден пиштол. Во консултација со јавен обвинител, на местото на настанот е извршен увид. По преземените соодветни мерки и активности и извршен разговор со осомничениот утврдено е дека тој е сторител на шест кривични дела „разбојништво“,  две извршени на 12.12.2017 година и 06.02.2018 година во „Шпаркасе“ банка во Кичево, на 25.11. и 06.12.2017 година во експозитурите на „ТТК“ банка во Струга, разбојништвото извршено на  05.12.2017 година во казиното „Астра“,  како и на разбојништвото во „Силк Роуд“ банка во Охрид извршено на 30.11.2017 година.  Со извршувањето на кривичните дела пријвениот се стекнал со протиправна имотна корист од околу 1.200.000 денари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.   


Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе три кривични пријава против лицето поради основано сомнение дека е сторител на шест кривични дела „разбојништво“. Кривичните пријави ги поднесоа надворешните канцеларии за криминалистички работи при полициските станици во Охрид, Струга и Кичево за сторени три казнени дела „разбојништво“ во Струга, едно во Охрид и две во Кичево.


OhridNews



© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 570 гласови (31%)

Не - 1272 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833