ОГЛАСИ

Се одржа манифестацијата „Поетите во чест на А. ден Долард“

Вести | Охрид | 08.02.2018 10:38Посети : 1035

Во културно-информативниот центар „Култура 365“ во Охрид, поети и љубители на поезијата од Охрид, Вевчани, Битола и Скопје, ја одбележаа 117-годишнината од раѓањето на холандскиот писател и новинар А. ден Долард.





На почетокот од традиционалната манифестација, којашто се одржува секоја година под наслов „Поетите во чест на А. ден Долард“, беседа за холандскиот пријател и промотор на Македонија одржа охридскиот писател и истражувач Мишо Јузмески. Во своето излагање, Јузмески зборуваше за животот и делото на А. ден Долард, при што посебен акцент беше ставен на значењето на книгите „Ориент Експрес“ и „Свадбата на седумте Цигани“ во развојот на врските помеѓу Холанѓаните и Македонците.





Потоа следуваше поетското читање при што присутните поети пред своите колеги и другите посетители се претставија со делови од своето творештво. Со свои стихови се претставија Славе Ѓорѓо Димоски, Тоде Илиевски, Смиле Наумоски Брсјак, Анастас Ќушкоски, Мирко Томоски, Виолета Сековска, Пере Ристески, Митре Мангоски Радождански, Марина Шокева, Габриела Мајсторовиќ, Ленче Ристеска, Маја Мојсова, Трифун Ѓорѓиески, Димче Донески, Петко Шипинкароски и Стела Маја Босилкоска.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1380 гласови (88%)

Не - 184 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833