ОГЛАСИ

Кеи Саито прв спортист позитивен на допинг тест на Зимските олимписки игри

Спорт | Свет | 13.02.2018 10:30Посети : 207

Јапонскиот лизгач Кеи Саито е првиот учесник на ЗОИ во Јужна Кореја кај кого е откриено користење недозволени супстанци. Саито кој се натпреварува во брзо лизгање падна на допинг тестот спроведен ден по неговото пристигнувањето во Пјонгчанг.



Јапонецот користел ацетазоламид, супстанца која се користи за прикривање на трагите на други забранети супстанции кои придонесуваат за подобрување на спортски перформанси. Тој е суспендиран од неговата репрезентација и вратен дома, а допрва го очекува санкција од МОК.


Спортистот негира користење на недозволени средства. - Никогаш не сум се обидел такво нешто. Поминав и анти-допинг обука и никогаш не би користел стероиди. Сакам да ја докажам мојата невиност. Ја прифаќам одлуката на репрезентацијата со цел да не бидам товар за тимот. - рече Саито.



Поради систематски допинг дисквалификација од ЗОИ доби Русија како земја и дел од спортистите, а дел настапуваат под знамето на Олимписките игри.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1412 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833