ОГЛАСИ

Прва МФЛ: Дерби средбите во знакот на „нулaтa“ (видео)

Спорт | Македонија | 14.02.2018 16:23Посети : 351

Без победник (1-1) завршија двете дерби пресметки Вардар - Шкендија и Победа - Пелистер на стартот од пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига.



Дербито на врвот од табелата во Тетово ги оправда сите очекувања и понуди фудбал каков што ретко можеме да видиме на нашите терени. Шкендија играше, а и Вардар иако ориентирано на одбрана создаваше прилики. Стрпливоста во составот на Вардар вроди со плод во 78-та минута кога капитенот донесе водство. Сепак, домашните фудбалери не дозволија пораз пред своите навивачи постигнувајќи погодок преку Бесарт Ибраими за егал и задржување на предноста од осум бодови на табелата.



Највозбудливите моменти во пелагониското дерби Победа - Пелистер кое се одигра во Турново се случија во првите 15 минути. Битолчани поведоа во 9-та минута, а домаќините изедначија после 13 минути игра.




На победа во оваа рунда се израдува составот на Шкупи кој со 5-2 славеше над Академија Пандев, а Работнички и Ренова ги поделија бодовите ремизирајќи без голови 0-0. Дуелот Силекс - Скопје не се одигра поради неповолните услови на теренот во Кратово.

Резултати: Вардар - Шкендија 1-1, Победа - Пелистер 1-1, Шкупи - Академија Пандев 5-2, Работнички - Ренова 0-0, Силекс - Скопје одложена.

Табела: Шкендија 47, Вардар 38, Силекс 31 (-1), Шкупи 26, Академија Пандев 25, Работнички 24, Победа 20, Ренова 19, Пелистер 17, Скопје 10.


Фото: Гол.мк
OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 563 гласови (31%)

Не - 1257 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833