ОГЛАСИ

Екологистите предупредуваат: Големите осцилации на Езерото и екстремни временски појави во иднина ќе бидат почести

Вести | Охрид | 19.03.2018 16:06Посети : 1506

Екстремни временски појави, како што беше големото невреме што изминатиот викенд го погоди Охридскиот регион, треба да се очекуваат почесто во иднина, велат екологистите, посочувајќи дека големата осцилација на Охридското Езеро кое за неполна година од минимум се искачи над природниот максимум во голема мера е резултат и на климатските промени, на што дополнително влијае човечкиот фактор.


- Ќе имаме уште поекстремни проблеми, нивото на езерото може да се покачи, а исто така ќе имаме моменти кога нивото на Охридското Езеро ќе опаѓа многу како последица на сушна и недостаток од врнежи на дожд и снег. - вели екологистот Лазо Наумоски.



За да се ублажат последиците од климатските промени мора многу повнимателно да се однесуваме кон природата, особено со шумите, кои единствено може да спречат евентуални поплави, укажува Наумоски. 


-Шумите треба да се заштитат за да немаме вакви случувања со Охридското Езеро. При вакви временски услови доколку ги сочуваме шумите, а не ги сечиме тие нема да дозволат при нагло топење на снегот, како што е сега, да дојде до големи поплави. Понирањето на водата ќе се одвива полека и нема да дојде до штети на охридското крајбрежје. - додава Наумоски.



Според него треба да се направи сеопфатна анализа пред да се донесе одлука за враќање на реката Сатеска во старото корито, која покрај вода, носи огромни количини нанос во езерото.


-Најпрвин треба да се спречи наносот од Сатеска да дојде во Езерото, а тоа може да се направи со изградба на две хидроцентрали во Дебрца, а за евентуално пренасочување да се направи сериозна анализа, која во вид треба да ги има климатските промени. - смета Наумоски.


Г.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 193 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833