ОГЛАСИ

МТСП: Самохраните родители кои имаат ниски примања нема да плаќаат за градинка

Вести | Македонија | 20.03.2018 14:38Посети : 476

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска сите самохрани родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со закон ќе бидат ослободени од плаќање партиципација за сместување на дете во детска градинка.



„Согласно со заложбите за поддршка на самохраните родители, содржани во програмата за работа на Владата на Република Македонија, министерката Мила Царовска го измени правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца.


Во членот 3 од правилникот е предвидено дека „Правото на партиципација во јавна установа за деца–детска градинка се остварува за дете од семејство на самохран родител (ако еден од родителите е починат или не е познат или му е одземено родителското право или ако од други причини едниот родител е спречен да го врши родителското право), со плата и други месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со закон.


Ги известуваме јавните установи за деца–детските градинки и сите самохрани родители кои ги исполнуваат законските услови за остварување на правото на партиципација да поднесат барање со потребната документација, наведена во правилникот, до јавната установа за деца во која детето престојува, односно е згрижено, за остварување на правото на партиципација. Правилникот е објавен во Службен весник на 20 март 2018 и на веб-страницата на МТСП“ се наведува во соопштението од министерството.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 193 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833