ОГЛАСИ

ЕЛЕМ: Причина за штетите од невремето се ветрот и брановите а не разликата во сантиметри во нивото на езерото

Вести | Охрид | 21.03.2018 20:48Посети : 1002

АД ЕЛЕМ ги отфрла обвинувањата на партијата ВМРО ДПМНЕ која ја обвини државната компанија за неодговорно работење со што придонела за зголемување на нивото на Охридското Езеро и штетите кои тоа ги направи.



-Сакаме да нагласиме дека во текот на минатиот викенд, поради невремето, ветерот од 90км на час и високите бранови, водата прели на крајбрежјето на Охрид и околината. Водата стигна на крајбрежјето поради брановите, а не поради разликата во сантиметри во нивото на езерото. Два дена претходно, генералниот директор во изјава за медиумите, од Охрид предупреди на очекуваната појава на високи бранови и ветер и на можни последиците од тоа. Раководството на АД ЕЛЕМ во тој период беше Охрид, во увид на терен на состојбата со нивото на езерото и на другите акумулации. Притоа, беше соопштено и дека се формирани работни групи меѓу ЕЛЕМ и општината за преземања заеднички мерки за максимално управување со состојбата. - соопшти ЕЛЕМ.



Во врска со тврдењето дека просторот во акумулацијата во Дебарското езеро е повеќе од доволен да го прифати целиот вишок на вода од Охридското Езеро, Тони Маркоски, раководител на производство во подружница ХЕС Црн Дрим, истакна дека презентираниот податок е нерелевантен, додавајќи дека еден и пол месец се испушта максимално количество на вода од Глобочичко езеро, преку турбините во ХЕ Глобочица.



-Дебарското Езеро во февруари и почетокот на март, и покрај максималниот доток во ХЕ Глобочица, беше на оптимална (просечна) вредност, што е одлична подготовка за да ги прими очекуваните приливи на вода. Истото се одржува со 24 часовна работа на турбините во ХЕ Шпилје. Котата на Дебарско езеро денес-21.03.2018год. изнесува 573,81мнв и е повисока 5м во однос на просекот за овој датум. Во наредниот период оваа акумулација ќе се наполни до максимум со дотокот на реката Радика и водата што доаѓа од Охридското езеро преку турбините на ХЕ Глобочица. Минатите месеци се карактеризираа со големи дотоци при што состојбата се менаџира максимално одговорно за да не се надмине максималната кота на Охридското Езеро од 694мнв која е одобрена со водостопанската дозвола. Да наведеме дека оваа вредност е надмината при појава на слични дотеци во 2010 и 2013год. Се прави максимум за да не се направи штета ниту на граѓаните на Охрид, ниту на граѓаните на Струга, ниту на жителите на населените места околу акумулациите Шпилје и Глобочица”.- рече Маркоски.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 193 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833