ОГЛАСИ

Паско Кузман: Сите ќе бидеме колатерална штета на хрватската фирма

Вести | Охрид | 22.03.2018 13:36Посети : 2696

Сите ќе настрадаме поради таа фирма, е коментарот на екс директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, околу поднесената кривична пријава за злоупотреба на службената положба во која се теретат Кузман и одговорно лице во хрватска фирма која требало да ги изведе работите за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник



Во телефонскиот разговор за OhridNews, Паско Кузман вели дека многумина се „зафатени“ поради работењето на фирмата од Сплит.


- Сите ќе бидеме некаква колатерална штета, што друго да кажам. Не се сеќавам на детали освен дека се расправав со сите претставници на таа фирма и сакав да почнат работите на Плаошник, ама никако не почнаа и на крајот мислам дека меѓу првите го раскинав договорот со таа фирма, изјави за OhridNews, Паско Кузман.


Според Управата за финансиска полиција, Паско Кузман со незаконско работење го оштетил Буџетот на РМ во вкупен износ од 34.374.482 денари.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 193 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833