ОГЛАСИ

НБА: Пораз на Кливленд, победи за Селтик, Оклахома и Хјустон (видео)

Спорт | Свет | 16.04.2018 09:06Посети : 138

Вицешампионот во НБА лигата Кливленд имаше крајно неочекуван почеток на мечевите од плејофот, откако пред своите гледачи претрпе висок пораз (98-80) од Индијана во првата рунда од првата серија на Истокот.



„Пејсерси“ максимално го искористија летаргичниот почеток на Леброн Џејмс и компанијата и уште од стартот на мечот се одлепија на двоцифрена позитива. И покрај сите обиди на „коњаницата“ разликата беше голема и недостижна. 



Победи на домашен терен во првата рунда забележаа Селтик совладувајќи го Милвоки (113-107), Оклахома триумфирајќи во дуелот со Јута (116-108) и Хјустон кој со тесни 104-101 победи против Минесота.







Резултати: Селтик - Милвоки 113-107 (1-0), Кливленд - Индијана 80-98 (0-1), Оклахома - Јута 116-108 (1-0), Хјустон - Минесота 104-101 (1-0).


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 193 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833