ОГЛАСИ

Најдобриот и најуспешниот селектор заминува од Македонија

Спорт | Македонија | 15.05.2018 14:49Посети : 830

Фудбалската селекција од 21 година ќе добие нов селектор, откако сегашниот Благоја Милевски најави заминување после завршувањето на договорот кој му истекува на 1 јуни. Информацијата, Милевски ја објави денеска на преконференцијата во пресрет на пријателските средби со Азербејџан на 24 и 27 мај кои ќе се одиграат во Баку.



- Благодарност за несебичната поддршка што ми ја дадовте со години. Договорот со ФФМ ми е до 1 јуни и сум на располагање дотогаш. Дали ќе патувам за Азербејџан или не ќе одлучат од Федерацијата. Јас сум подготвен да го испочитувам договорот максимално до крај. Сето она што ќе следи потоа, за тоа ќе зборуваме потоа. Понекогаш, во животот морате да продолжите понатаму, иако тоа не го посакувате. Некако и чувствувам дека ми е потребен нов предизвик. - изјави Милевски

Милевски го донесе најголемиот успех на македонскиот репрезентативен фудбал, откако со младинците се пласира на Европското првенство во Полска. Тој после завршување на одисејата во репрезентацијата ќе замине во изралескиот клуб Ашдод.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 561 гласови (31%)

Не - 1250 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833