ОГЛАСИ

Големата љубов на спортистите Ема Решкоска и Арон Теди Браун крунисана со брак во Охрид (фото+видео)

Спорт | Охрид | 16.05.2018 07:00Посети : 9650

Големата љубов на охриѓанката и поранешна македонска репрезентативка во кошарка, Ема Решкоска и Американскиот рагби играч, Арон Теди Браун, беше крунисана со брак во Охрид и семејна веселба во Хотелот Инекс. Ема во разговор со OhridNews раскажа за почетоците на врската и за тоа како Арон со една реченица која не сакала да ја слушне и го свртел вниманието.



- Се сретнавме во барот во склоп на спортскиот центар во кој сите спортисти одат после тренинзите. На првата нашата средба во барот ми рече „Леле, еј колку си висока“, а тоа се уште мене ми е одѕвонува во главата, бидејќи безброј пати сум го слушнала од други. После нашето запознавање, патиштата ни се раздвоија. Тој замина во Вашингтон, а јас останав во Вирџинија, но продолживме да комуницираме и се роди љубов, која ја крунисавме со брак. - изјави на почетокот Решкоска- Браун.




Идејата за венчавка во Охрид била на Ема, а поддржана од Арон кој посакувал да го види градот од кој потекнува нејзината сопруга.


- Охрид како град за венчавка и за свадба го одбрав првично поради мојот сопруг, кој сакаше да види од каде потекнувам и поради мојата фамилија која ќе поминеше долг пат за да присуствува на нашата забава. Сопругот и гостите од САД беа фасцинирани од градот и неговите убавини. Пловевме со брод со модерните чамци и тоа беше вистинско доживување за гостите кои привлекоа големо внимание. 



Најсилен впечаток кај Арон и гостите од САД оставил топлиот менталитет кај охриѓани и добрата и вкусна храна.


- Најмногу пофални зборови добивав за менталитетот на луѓето, особено кога јас ќе прозборев охридски. Исто така им се допадна и храната и начинот на кој ние се храниме и живееме. - рече Ема.



Батериите за следните предизвици сега веќе фамилијата Браун ги наполнијасо одмор, а ќе продолжат да работат и творат во САД. - Искрено, не се гледам во Охрид, затоа што знам низ се` што сум поминала и не сакам да се враќам пак. САД како земја нуди поголема можност за успех и таму ќе бидиме со мојот сопруг. - заврши Ема.




За прекрасните фотографии и за видеото од свадбата се погрижи фото студиото „Love and Life“ на познатиот фотограф Емил Јовановиќ.


Михаил Постоловски

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 561 гласови (31%)

Не - 1249 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833