ОГЛАСИ

„Не си фраер ако загинеш на матура“

Вести | Охрид | 16.05.2018 15:22Посети : 1392

„Не си фраер ако загинеш на матура“, е пораката што секоја година Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја упатува до сите матуранти.   


Славењето на матурата е посебно важна за секој матурант, за неговото семејство, за неговите најблиски. Иако, според убедувањата на многумина, последниве години, на настанот му се придава поголемо значење отколку што тоа треба, факт е дека матурата предизвикува посебна возбуда кај матурантите и нивните најблиски. Но, она што посебно загрижува е начинот на кој се прославуваат матурските вечери: се организираат автомобилски трки по улиците и на патиштата, се управува моторно возило без возачка дозвола, се управува моторно возило под дејство на алкохол, се беснее по улиците, се прават фотографии и се постираат „луди Фејсбук статуси“ додека се управува со возилото.



Сообраќајната статистика и искуствата на сообраќајната полиција од минатите години, покажуваат дека во деновите кога се организираат матурските прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во незгодите се млади луѓе – матуранти, кои најчесто во незгодите завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот млад живот.


Одговорноста за ваквата појава првенствено е кај младите, но и кај нивните родители, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Одговорноста на родителите за однесувањето на нивните деца во вечерните часови додека траат матурските прослави е најголема. Во тие мигови, младите не ретко се одлучуваат да седнат зад воланот, а сѐ уште да немаат возачка дозвола. Си дозволуваат веселиот амбиент и изобилството алкохол да ги извадат на површина вишокот енергија и желбата за докажување, а покачениот адреналин да ги наведе на брзо и агресивно возење. За да се спречи трендот на зголемено девијантно однесување на младите во сообраќајот, родителите треба да преземат воспитни мерки кон своите деца, односно преку разговор и позитивен личен пример да им укажат на децата за последиците од неодговорното учество во сообраќајот.


Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека сообраќајните незгоди претставуваат една од водечките причини за смртност кај младите луѓе. Годишно, во светот, околу 400.000 млади луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди.Тоа значи, секој ден околу 1100 млади лица го губат животот во сообраќајни незгоди.  Во Република Македонија, според податоците за 2017 година, вкупниот број загинати лица во сообраќајни незгоди е 155, однив, 36 се на возраст до 24 години, а околу 2.100 лица, исто навозрастдо 24 години, настрадале, односно се повредени во сообраќајни незгоди. РСБСП упатува апел до матурантите да не управуваат моторно возило за време на матурските прослави бидејќи на тој начин го загрозуваат сопствениот живот, но и животот и здравјето на останатите учесници во сообраќајот.


РСБСП упатува апел и до родителите да покажат повисоко ниво на свест и поголема општествена одговорност со тоа што нема да им дозволат на своите деца да одат на матурската прослава со семејниот автомобил, ниту да дозволат да бидат возени од друг матурант. Со тоа ќе спречат животот, здравјето и иднината на нивните најмили да бидат загрозени и доведени во прашање.Само една грешка и еден момент на невнимание може да биде фатален, а последиците ненадоместливи.


OhridNews



© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 561 гласови (31%)

Не - 1249 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833