ОГЛАСИ

Духовден (Света Троица)

Култура | Македонија | 07.06.2009 00:01Посети : 3695

Празникот Духовден,
меѓу народот  познат и како Дуовден, Света Троица, Педесетница, Свети
Дух итн., се празнува десет дена по  Спасовден (Вознесение Христово), а
педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Се вика и Педесетница
не само затоа што се празнува педесет дена по Велигден туку и затоа што
настанот што му дава печат на овој ден се случил точно на Еврејскиот
празник Педесетница што Евреите го празнувале во спомен на денот кога
Господ му ги дал на Мојсие законите во Синајската гора.

Тој
ден апостолите биле на едно место во Ерусалим. Биле дванаесет на број
зошто испразнетото место на Јуда Искариотски, кој по предавството на
Исус се обесил, го пополниле со Матеј кого го избрале од учениците
Христови, за нивниот број пак да е двананаесет.  Околу девет часот
наутро се слушнал силен шум од небото како дување на силен ветер, се
покажал Светиот Дух, ја исполнил просторијата, а потоа во форма на
пламени јазици слегол врз апостолите. Овој момент е претставен и на
иконите во нашите цркви, каде се насликани на едно место сите апостоли,
заедно со Богородица, а над нивните глави се гледаат пламени јазици,
што всушност го претставуваат Светиот Дух.

По овој настан апостолите
почнале да зборуваат на разни јазици, а многубројниот народ што се
собрал по силниот шум помислил дека тие луѓе зборуваат неразбирливо
затоа што се пијани. Тогаш се појавил апостолот Петар кој на собраните
луѓе им објаснил дека тие не се пијани туку се исполнети од Светиот Дух
што им го испратил Господ. Потоа ги поканил да се крстат, а многумина
што чувствувале товар на совеста поради настаните што му се случиле на
Исус Христос, веднаш прифатиле да ја примат верата Христова. Само во
тој момент се крстиле околу 3000 луѓе.
Овој празник се вика уште и
Света Троица затоа што на едно место се јавуваат Таткото, Синот и
Светиот Дух. Со одобрение на Богот-таткото се исполнило ветувањето на
Богот-син дадено пред апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух.

Празникот
Духовден нашиот народ го смета за голем празник. Тогаш не се работи, се
оди во црква и на гробишта. Во народното верување овој празник
најповеќе се поврзува со душите на умрените. Се верува дека од Велигден
до Духовден душите на умрените се слободни. Кога ќе се рече Ристос
воскресе на Велигден се отварале вратите на рајот и душите рисјански
летнувале по небото и најповеќе застанувале по цветовите од дрвјата. Се
вели уште и дека на Духовден мртвите разговарале, па кој сакал да ги
чуе, да го ставел увото на некој гроб ќе слушнел како шепотат како
пчели кога брмчат.На овој ден на гробишта се носат ореови гранки, а
Е.Спространов запишал дека „тогаш се затвора рајот,а мртвите ги мамеле
со ореова гранка“, верување кое потекнува уште од претхристијански
времиња дека оревот има привлечна сила за душите на умрените. На
Духовден се раздава за душа, зошто мртвите пред да бидат затворени,
треба да бидат нахранети. Поради тоа човек не смее ништо да јаде додека
не раздаде „задуша“. На овој ден се раздаваат и дулиња(бардачиња).

Јасминка Т. Момироска

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1284 гласови (89%)

Не - 165 гласови (11%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833