ОГЛАСИ

Молк од министерството за култура околу изборот на директор на Охридско лето

Вести | Охрид | 30.12.2010 11:00Посети : 1655

И по изминати два месеци од распишувањето на конкурсот на Министерството за култура за избор на директор на Националната установа Охридско лето, министерот за култура Елизабета Канческа Милеска нема донесено одлука кој ќе биде првиот човек на оваа установа.

Од надлежното министерство молк. И покрај нашите обиди, во неколку наврати, да добиеме информација што се случува со изборот на директор, не успеавме да добиеме одговор. Единствениот коментар од министерството за култура е дека сеуште нема ништо ново. Истовремено, за многу пократок период беа расппишани конкурси за избор на директори на неколку институции кои спаѓаат под министерството за култура и набргу по завршувањето на конкурсите тие беа избрани.

Во јавноста веќе се шпекулира дека министерот Канческа не била задоволна од понудените програми на дванаесетте кандидати заинтересирани за оваа функција, кои пред повеќе од месец дена беа на интервју со министерот. Постои можност да биде распишан нов конкурс за избор на директорот на Охридско лето.

Без конкретно објаснување од министерството останува јавноста и понатаму да се прашува што се случува со оваа реномирана установа од која првите луѓе беа менувани во последен миг, непосредно пред почетокот на фестивалот без притоа да се води грижа за впечатокот кој се остава во јавноста, а пред се врз угледните учесници кои се дел од него.

OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1402 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833