ОГЛАСИ

ЗНМ изрази загриженост за начиниот на информирање за случајот „Перо Наков“

Вести | Македонија | 31.12.2010 01:17Посети : 1357

Здружението на Новинари на Македонија и Македонскиот институт замедиуми, изразија загриженост поради еуфоричното и сензационалистичко медиумско известување за настаните и личностите поврзани со случувањата на Перо Наков бб. Заради правото на јавноста да биде информирана вистинито, објективно и непристрасно тие упатија јавен апел до
сите новинари во Македонија да ги почитуваат принципите на однесување и етичките вредности на кодексот на новинари:

Да престане ова агресивно, непрофесионално и неодговорно известување, кое кулминираше во низа заемни обвинувања, заборавајќи ги основните етички начела за објективно, непристрасно, балансирано и одговорно информирање. Да се почитува пресумпцијата на невиноста без исклучок, правилото за “втората страна” и да има професионална дистанца во информирањето. Се навива, се напаѓа - но најмалку се информира!  
Обвинетите во случајот “Пајажина” не се ниту криминалци, ниту жртви на системот, туку само осомничени.  А1 треба да продолжи непречено да функционира, а колегите од А1 ТВ имаат право и одговорност објективно и непристрасно да ги извршуваат своите професионални обврски согласно кодексот на новинарите и не треба да се поврзуваат со сомневањата за незаконското работење на сопственикот и на другите одговорни лица.  Бараме сите медиуми да ги почитуваат професионалните стандарди и да не го користат својот медиум за пресметка со личности и со други колеги.

Со ваквото известување јавноста всушност се дефокусира од вистинските причини и проблеми со кои се соочува новинарството во Македонија: симбиотската поврзаност меѓу политиката и новинарството, влијанието на сопствениците врз уредувачката политика заради нивните бизнис или политички интереси, суптилното влијание на власта преку т.н. државно рекламирање, влијанието на огласувачите врз информирањето и таблоидизацијата и сензационализмот во информирањето. 
 
Повикуваме за проблемите на новинарите да се дебатира во рамките на еснафот, а не да се навредуваме и омаловажуваме преку медиуми. - се вели во Апелот на Здружение на новинарите на Македонија Македонски институт за медиуми.

OhridNews
 
© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 563 гласови (31%)

Не - 1257 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833