ОГЛАСИ

Охридскиот Црвен крст за пример на сите

Вести | Македонија | 31.12.2010 07:25Посети : 2013

Општинската организација на Црвен крст - Охрид, традиционално со пригодна свеченост на ден пред истекот на годината ги одбележува постигнатите резултати во работењето.





- 2010 г. ја оценуваме како исклучително успешна година за Црвен крст Охрид, година во која се реализираа голем број активности кои како резултат имаа исполнување на нашата мисија: спречување и олеснување човечкото страдање каде и да било,  заштита на животот и здравјето и  почитување на човечкото суштество, спречување на болести и унапредување на здравјето и социјалната заштита, поттикнување на доброволноста и постојана подготвеност на членовите да укажат помош и општо чувство на солидарност кон сите на кои им е потребна нивна заштита и помош.-истакна Сашо Точко, претседател на Црвен крст - Охрид.



Тој посочи дека организацијата во 2010 година во сите области на делување ги надминала планираните резултати:

- Крводарителство-реализирани преку 600 единици крв повеќе од предвидените со Програмата за унапредување на крводарителството во РМ

- Прва помош-обучени за укажување на прва помош за 28 % повеќе од минатата година,  кандидати за возачи на моторни возила и кандидати од работни организации

- Социјално-хуманитарна дејност-со најразлични видови помош (облека, прехрамбени производи...)помогнато на преку 2000 социјално загрозени семејства од Охрид и Дебарца

- Направени планови за евакуација и елаборати за заштита и спасување во поголемиот дел од основните и средните училишта во Охрид и Дебарца

- Бројот на волонтери, во споредба со минатата година зголемен за 22 %.



На свеченоста на која присуствуваа голем број гости, Црвениот крст Охрид на поединци и организации им се заблагодари за придонесот во остварување на зацртаните цели.

OhridNews

 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 527 гласови (31%)

Не - 1161 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833