ОГЛАСИ

Информирањето преку интернет- дел од секојдневието на охриѓани

Вести | Охрид | 01.01.2011 13:06Посети : 2244

Над 50 проценти од населението за информирање му дава предност на интернетот во однос на стандардните медиуми. Интернетот се повеќе се смета како главна алатка за пристап до информации. Ова се резултатите од извршенте истражувања во однос на користењето на онлајн медиумите.

Интернетот како средство за информирање станува дел од секојдневието и на се поголем број охриѓани.

- Во зависност од мојата ангажираност во текот на денот, доколку имам можност претпладне го користам интернетот, да ги пролистам дневните весници и електронските медиуми. Интернетот многу го користам и за стручно надоградување, но и заедно со моите деца за добивање информации кои им користат на училиште. Фејсбукот пак, како социјална мрежа за забава е неизоставен дел од  комуникацијата со моите пријатели, вели Томислав Тунтев.


За се поголемото значење на интернетот зборува и советникот Дејан Пановски. - Се повеќе и повеќе информациите за дневните, но и генерални случувања ги превземам од интернет како сеопфатна платформа на информации . Малку носталгично  , но телевизијата ја губи доминацијата во брзиот пренос на вестите. Интернетот ми стана целодневен придружник. Не во форма на опсесија ,  туку како жед за брза информираност но и како одлично орудие за работа , бидејќи во секојдневната меѓународна комуникација е најбрз преносител на текстови и договарања на активности. Приватно ми е исклучиво извор на информации , добри книги и добра музика, потенцира Пановски.

Без интернет комуникацијата денот не може да му помине и на д- р Сашо Василески, интернист во Општа болница- Охрид.

-Интернетот за мене е секојдневије. Го  користам и приватно и слузбено , компјутерот ми е нон-стоп уклучен. Моите контакти и обврски со колегите и пријателите во светот се преку интернет, кажува д- р Василески.

Во последните неколку години забележан е огромен раст на Онлајн медиумите во  земјите од западна и централна Европа. Во Македонија нивниот број од ден на ден е се поголем.

Т. К.


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 583 гласови (31%)

Не - 1306 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833