ОГЛАСИ

Затемнување на сонцето ќе се гледа и од Македонија

Вести | Охрид | 03.01.2011 13:45Посети : 2244

Првото делумно затемнување на Сонцето во оваа година ќе се случи уште утре и ќе биде видливо од континентите Европа, Африка и Азија, соопшти Планетариумот при Младинскиот културен центар, пренесува „Макфакс“.

На територијата на Македонија затемнувањето ќе започне точно во 08:00 часот, а најголемото затемнување ќе се случи во 09 часот и 24 минути кога за набљудувачите на појавата 73,2 отсто од сончевиот диск ќе биде затемнет, се вели во соопштението.

Потоа, затемнетоста постепено ќе се намалува и целосното појавување ќе заврши во 10 часот и 57 минути.

Делумното затемнување ќе започне во 07 часот и 40 минути кога сенката од Месечината ќе ја допре површината на Земјата на територијата на северен Алжир, а потоа, патувајќи кон исток затемнувањето ќе биде видливо во земјите од Европа и Азија.

Најголемото затемнување на Сонцето ќе се случи во 09 часот и 50 минути, кога 85,8 отсто од сончевиот диск ќе биде затемнет од ликот на Месечината, а ќе може да се забележи од територијата на северна Шведска.

Според астрономите, годинава жителите на Земјата ќе бидат сведоци на шест затемнувања, четири делумни на Сонцето и две целосни  на Месечина - ќе бидат.

OhridNews
извор: „Макфакс“
© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1393 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833