ОГЛАСИ

Бесплатни третмани за социјално загрозени лица во Стоматолошкиот центар „Д- р Баткоски“

Вести | Охрид | 01.06.2012 13:11Посети : 1802


Од овој месец, Црвен крст Охрид и Стоматолошкиот центар Д-р Баткоски, започнуваат заедничка, партнерска соработка наменета за социјално загрозените лица.

Имено, секој месец во текот на една година, од страна на Црвениот крст ќе се врши избор на 10 социјално загрозени лица, кои ќе добијат бесплатен стоматолошки третман во ординацијата Д-р Баткоски.





- Не случајно оваа соработка ја започнуваме и промовираме на почетокот на одржувањето на утрешната хуманитарна, спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“, со цел да ги охрабриме и поттикнеме нашите сограѓани, стопанственици, бизнисмени да насочат дел од своите мисли и проекции кон исполнување на својата општествена одговорност, велат од општинскиот Црвен крст.

Д-р Небојша Баткоски, истакна дека Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, апетката „Виа Фарм“ и солената соба „Виа сол“, кои работат во склоп на здравствениот коплекс „Св. Ѓорѓија“ со вклучување во претстојниот хуманитарен хепенинг, почнуваат поблиска соработка со Црвениот крст со цел да им се помогне на ранливите категории граѓани, што ќе се реалзира преку заеднички проекти.


OhridNews



© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребна измена на начинот на регулирање на водостојот на Охридското Езеро?

Да

Не

Гласај

Да - 550 гласови (87%)

Не - 83 гласови (13%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833