"Вевчански видувања 2012"

Вести | Македонија | 27.06.2012 15:20Посети : 853

Фондацијата за стратешки истражувања "Киро Глигоров" и ДОО ВИА Вевчани, тргнувајќи од посебноста на Општината Вевчани, која во зачувувањето на традицијата го има и познатиот Вевчански карневал, со цел да се следат современите текови на руралниот туризам, годинава по трет пат ја организираат Меѓународната ликовна колонија "Вевчански видувања 2012".

На Колонијата, која ќе се одржи во периодот од 27 јуни - 11 јули 2012 г. во комплексот ВИА Игнација во Вевчани, ќе земат учество ликовните уметници: Анастас Константину-Тасо (Албанија), Ана Фервалева и Ана Богданова (Русија), Ана Лаковиќ (Црна Гора) Милослав Бонов - Мибо, Петар Бељаси (Бугарија), како и Трајче Јанчевски, Глигор Чемерски, Павле Кузманоски, Илија Кавкалески, Илија Пенушлиски, Таки Павловски, Костадин Качев, Стефан Хаџиниколов, Данчо Ордев, Решат Амети, Петар Попчев, Никола Иванов Балтон, Емил Шулајковски, Оливера Велкова, Владимир Темков, Јулијана Гешоска, Александар Филев, Војдан Запров, Стеван Поповски, Менсур Бојда и Владимир Симеонов  (Македонија).

Целта на оваа колонија е секоја година да собира еминентни уметници од регионот и од карневалските градови, инспирирани од убавините на Вевчани и неговите извори, да создаваат уметнички дела кои ќе придонесуваат за поголемо меѓусебно запознавање и зближување.

Природните ресурси и локалитетите со кои изобилува Вевчани: Вевчанските извори - споменик на природата, богатото културно богатство - 19-те цркви, манастири и параклиси, меѓу кои и црквата Св.Никола осветена во 1876 година со иконостасот изработен од Дичо Зограф со неговата тајфа, потоа традиционалниот Вевчански карневал, стар колку што е старо и Вевчани - 1400 години, сето тоа е неповторлива инспирација за творење на ликовните уметници кои ќе учествуваат на Колонијата.


OhridNew

                      
                                                       
© 2014 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Градењето на марина на местото на Студенчишко блато е:

Одлична одлука

Голема грешка

Темата бара повеќе информации, анализи и слично

Гласај

Одлична одлука - 211 гласови (21%)

Голема грешка - 525 гласови (51%)

Темата бара повеќе информации, анализи и слично - 284 гласови (28%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833