ОГЛАСИ

Студентите од ФТУ учат како професионално се послужува вино

Вести | Охрид | 26.04.2013 17:23Посети : 2459


Виното се произведува со многу труд  и знаење и затоа е многу важно како тоа ќе им биде послужено на гостите, беше потенцирано пред студентите од Факултетот за туризам и угостителство кои учествуваа на првата работилница за вино.





Како што потенцира Ангела Василевска, професор и раководител на катедрите за гастрономија и хотелско-ресторански менаџмент на ФТУ во Охрид, целта поради која се организира работилницата  е  да се промовира винската култура во Македонија  и да се подобри знаењето на студентите за виното и неговото значење во  угостителската  индустрија.





- Ова е навистина многу важно, бидејќи виното како производ е многу важен во угостителската индустрија, а знаењето на студентите е важно за создавање на еден профил на студент кој ќе излезе од кај нас и ќе биде подготвен да одговори на пазарот на труд  на еден високо професионален начин. Досега немаше  лица кои знаат правилно да го служат виното и правилно да го понудат. Секое вино треба да биде послужено со винска приказна, а не на гостинот само да му се  даде винска карта , објаснува Василевска.

Студентите во текот на двата дена од работилницата имаа можност да стекнат знаења  за виното- неговото прозиводство, квалитет и дегустација од  Лилјана Лазова, сомелиер со долгогодишно искуство во Винарската визба „Тиквеш“.





-    Со стекнување на знаењата за производството и квалитетот на виното се надеваме дека ќе им помогнеме на студентите да се едуцираат, но и на луѓето во хотелиерството да имаат вработени  кои ќе можат да ги служат вината. Ќе им помогнеме и на винариите,  да има луѓе кои ќе можат правилно да ги презентираат вината добиени со многу труд и кои заслужуваат да ги послужува некој  кој има знаење. Гостинот кога ќе дојде сака да слушне приказна за виното кое му се нуди и какви карактеристики има, вели Лазова.





Освен првата ќе следуваат уште неколку работилници,а студентите ќе имаат можност да посетат винарии и да го видат процесот на производство на виното.

По завршувањето на работилниците, студентите ќе добијат сертификат за вински експерт.


Т. Кувенџиска









© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 22 гласови (21%)

Полуфинале - 54 гласови (51%)

Финале - 30 гласови (28%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833