ОГЛАСИ

Колумна: Фетиш или комплекс

Отворена | Колумни | 27.05.2013 07:00Посети : 4201

Абе траснав некоја зелена во минитата колумна за законот за заштита на приватноста. И признавам се зезнав. Од ко ја објавив ми текна дека секогаш тој закон функционирал и ми текна пред незнам колку години ко зеде батето миљон марки на лото од село Кравари битолско. Таква заштита за иденитетот неам видено.

Кажаа: Од разбирливи причини идентитетот на лицето кое ја заде главната награда на лото немат да го објавиме. Се работи за лицето М.Н. а прекарот му е Факмано, кое живее во Кравари, битолско, на крајот на селото до втората бандера. Неговата куќа е со црв...фасада и има само три спрата. Човекот е на воз. помеѓу 46 и 47 год. и работи како чувар во една фаб. во Битола шо произведвит една од најпознатите кисели води пелис. и во главном оди трета сме. Возит црв. форд и е висок помеѓу 170 и 171 сантиметар и се одзиват на името Милан, а жена му работит во една од двете цвеќарите во Кравари, она шо е на самиот влез, имат црв. коса, долга и сама држит смена. Поголем заштита амин. Браво.

Е ова ме израдви. Ама една работа ме зезна в крај. Абе кој ѓаол ме тераше да влезам во секси шоп и да изнакупам милјарда работи зш се спремав да конкурирам за медицинска сестра. А бре ко сум ти купил бретели, море  подвезици, море чарапа до препона, море штикла лакирана црна, бич, перика плава тапирана, двострана бордо танга......ко то излезе Коле и рече: “Морате  да воведиме хоспитална култура бел мантил ќе може да носи само лекар, сестрата ќе биде облечена во светло син мантил, болничарот во светло сив, а техничкиот персонал во црвен или бордо комбилизон со јасно означување дека се работи за техничка служба“.

Така бре Коле. То е најбитно. Посериму се на гнасните вц-а, во кој можит да се добиет хепатит без да влезиш цел, а недај Боже да мочаш, плукни му се на одделите кај шо лежат болните, а заради недосток на персонал бетер се од акробати ко ќе одат в клозет со си катетри и инфузии, а сами си ги држет, ич да не му се секираш шо во новата болница во Охрид во истиот ходник се очно, анестезилогија, хирургија и урологија и шо се гушат пациентите во 20 квадрати дур чекет и не дај Боже да прднат бар еден на пола не ќе им требит помош,  а докторите незнает од кај да почнет. Свиркај си ти....тие нека се мачет. Бордо мантилите ќе средат све. А ко да ми теквит дека нешто слично околу облеквењето напрај и со професорките....деколтето и слично...и сега ме ставаш во дума. Подвезиците, хулахопките.....ти се фетиш или комплекс?

Как да е ти ќе си го решиш то. Голем и си и паметен...ваљда. Како ние шо ги решаваме проблемите со паркингот во Охрид. Полека се средвит све. Сега веќе имат ред. Можам да паркирам без да платам само в клозет. Брзајќи “надлежните“ во моментов дур не му ја  укинет концесијата шо појќе пари да соберат го проширвет реонот на наплата така да морам да отворам дупка да можам в подрум да си ја клам колата да не ми се фрлит некој Брус Ли со фискална и да ме изгорит. Дури сум уплашен ко ќе шетам да подзастанам да напрам муабет со некого зш можат да ми акнет од оние жолтине да ми заклучат патиките  па да трбит да си одам дома по чорапи. Не за друго...бели ми се.

А шо ти е пусто животов. Си гледам Сител, го слушам Латас се опуштам и си реков ќе доживеам нормален последователен политичко-еконономско-финански-македонски оргазам заради убајната во нашата НСРМ, ко то јас слушам вест и доживеав мулти оргазам. Абе шо да ти кажам. Оргазмичното тресење беше како да се фатив за кабелот на мешалица за бетон. Абе ко слушнав од оргазми не ме спасија ни дабл пак вет хенкечив. Грциве и Бугариве не не’ блокирале зш не не’ сакале, ами биле загрижени за внатрешните прилики, како отсуството на политички дијалог, загрозената слобода на говорот и економските проблеми.

Шо ќе беше ова грижа за нас???? Само не можам да се сложам се некој работи. Аман нека простит и Тута и Караманлис и Нико од Назли со све можам да се сложам ама со економските проблеми никако. Од кај накај во вашите мозоци ви дошло дека ние имаме економски проблеми??? Ти се молам. Абре алоооо.....читајте. Официјалните податоци кажвет дека од НСРМ се иселиле само посрани, ништожни 230 000 , пред се млади луѓе. И сега ? Кој е во право.....јас или вие? На два милиони НСРМ-овски жители, одби на малолетни, одби на пензионери, то е нешто малку над 30% и то тие ше се отселиле се отселиле ради курташак и паламиудење...не од потреба, скраја да е од мака..никакооооо.

И дур ми ги врзвеа патиките со жолти железа овие од паркингот се думав како да завршам и ми помогна еден просветен работник со свој статус на фејсбук, нормално во интерес на истрага идентитетот нема да ...... Интегрално ви го постирам, јас не давам коментар, оставам на вас: “ЈАВЕН ПОВИК :,,Заради состојбите во нашава држава, екстерно, мали плати, непочитување и не постоење на закони, не почитување на основни човечки права, немање на државни институции, хаотичност итн. ,ги молам сите мои ф.б пријатели, ако знаат, можат да ми помогнат во моето заминуванје, било каде во Европа, Азија, Африка ......па ако знаат како и на Марс би заминала, ако нема нисто побрзо ке се снајдам од колку овде ви благодарам за ангазманот“

Ај Господ да ни е на помош!!!


ЏИМИ
jimmy@t-home.mk


*Ставовите
изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите. 



© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 549 гласови (31%)

Не - 1203 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833