ОГЛАСИ

Напредокот на технологиите отвора нови можности за сајбер криминалците

Вести | Охрид | 10.06.2013 23:02Посети : 1269


Од денес до 12-ти јуни, Охрид ќе биде домаќин на работилница на тема „Најдобрите практики и иновативни пристапи за развивање на рамка на сигурносни политики за сајбер-безбедност“, која е во организација на НАТО Алијансата во соработка со ФЕИТ Скопје.


Според ко-директорот на работилницата од земјава, проф. Александар Ристоски, напредокот на технологиите и променливоста на методите отвораат нови можности за сајбер криминалците, а единствениот начин за заштита од нив е постојано следење и ревизија на постоечките алатки.


Како луѓе што се занимаваме со оваа проблематика мора да бидеме еден чекор пред напаѓачите, со цел да ги осетиме нивните намери и навреме да може да реагираме со проактивни мерки пред да се случат нападите.“ - истакна Ристоски.


Според него, во рамките на работилницата треба да се покријат теми од оваа област од аспект на подготовка на политики и процедури со кои ќе треба да се справат релевантните организации во земјава.


Ко-директорот од земја членка на НАТО и претседател на Институот за применета наука при америчкиот Универзитет Норвич, Филип Сусман, истакна дека потребен е развој и поставување на основите на заштита на меѓународни рамки, како би се утврдило која заштита како функционира.


Инаку, на работилницата учестуваат шеесетина учесниците од повеќе земји, меѓу кои САД, Израел, Германија, БиХ, Хрватска, Ерменија, Молдавија, Грција и Македонија.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

На кое место ќе заврши РК Охрид во плејофот од Супер лигата?

1

2

3

Од 4 до 6 место

Гласај

1 - 200 гласови (29%)

2 - 89 гласови (13%)

3 - 117 гласови (17%)

Од 4 до 6 место - 282 гласови (41%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833