ОГЛАСИ

Добре дојде од „Кока Кола“ за Антиќ

Спорт | Македонија | 30.07.2013 14:32Посети : 1502


Еден од најпознатите светски мулти-корпорациски брендови Coca-Cola му посака добредојде на капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ во тимот на Атланта Хоукс.





"Добредојде во нашиот роден град Перо Антиќ! Ти посакуваме маестрални игри со кои ќе ги направиш твоите македонски фанови  што е можно погорди и побучни", се наведува на официјален фејсбук профил на Coca-Cola, кој е следен од над 70 милиони фанови.

Компанијата Coca-Cola е формирана токму во градот Атланта во федеративната држава Џорџија (Georgia), уште во далечната 1886 година.

Антиќ, кој во изминатите две години со Олимпијакос освои две титули во Евролигата,  деновиве потпиша договор со Атланта Хоукс на една плус една година.

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација ќе го носи дресот на Хокси од крајот на октомври, кога и официјално ќе започне да го одработува новиот договор.


„Макфакс“


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1284 гласови (89%)

Не - 165 гласови (11%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833