ОГЛАСИ

Тони Наумовски повторно го освојува Њујорк со улогата на Сталин

Култура | Свет | 09.08.2013 09:00Посети : 2269

Наумовски повторно го освојува Њујорк со улогата на Сталин, овoј пат во маркантниот “The Perishing Square Signature Theater Center”
Премиерата на претставата е закажана за 8ми Август, а ќе се игра до 5ти Октомври. До затворањето на претставата, Нумовски ќе има одиграно вкупно 50 изведби во улогата на младиот Сталин.


Претставата “Последната анализа” е текст на американскиот автор Ото Ескин, во режија на Лудовика Вилар Хаусер, која имаше огромен успех на минатогодишниот “Midtown International Theater Festival” и беше номинирана за рекордни 13 награди на фестивалот меѓу кои понесе 7, вклучувајќи ја и наградата за најдобра претстава.



Наумовски за овој успех изјавува: “ Се впишувам во историјата на американскиот, но и на светскиот театар. Ова е светска премиера на “Final Analysis” во која јас сум првиот актер кој го оживува ликот на Сталин. Се чувствувам почестен. Се надевам дека ќе го повториме успехот од минатата година”.



Toni Naumovski & Ryan Garbayo


Приказната на Ото Ескин раскажува еден историски инцидент. Виена, 1910 година, град кој во тоа време претставува крстосница на цивилизацијата, парфимираната атмосфера во која живее богатата класа наспроти огромната сиромаштија, корупција и анти - семинизам. Во пресрет на Првата Светска војна се среќаваат шест лица кои се предодредени да го променат светот. Познатиот композитор и диригент Густав Малер, неговата сопруга Алма Малер, Фројд, Лудвиг Виxтенгштајн, Сталин и еден млад човек низ сплет на околности интригантно се спојуваат во оваа драма исполнета со филозофија, љубов и политика.



Toni Naumovski & Elizabeth Jasicki i Ryan Garbayo


Тони Наумовски е роден во Сиднеј, Австралија, со потекло од позната музичка фамилија од Македонија. Дипломирал на еднa од најпознатите школи за глума во Европа, Националната акедемија за театар и филм во Софија, Бугарија. Завршува магистерски студии на Универзитетот “New South Wales” во Сиднеј, Австралија, а во 2004 година добива стипендија од Anna Strasberg, сопругата на легендарниот актер, режисер и учител Ли Стразберг за специјализација на неговата метода во “Lee Strasberg Theatre and Film Institute” во Њујорк.
Наумовски е подеднакво успешен во театар, филм и телевизија. Неговата кариера брои над 100 улоги а добитник е и на многу награди. Тој е актер кој со својата харизма и длабочина, инспириран од различни традиции и култури, низ својот уметнички пат гради една уникатна естетика како во театарот така и на филмското платно.


OhridNews/Антонела Дуковска
photo:John Quilty

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 11 гласови (23%)

Полуфинале - 22 гласови (46%)

Финале - 15 гласови (31%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833