ОГЛАСИ

Тројца професори од ФТУ Охрид се стекнаа со признанија за постигнатите резултати

Вести | Охрид | 05.10.2013 13:14Посети : 4506

Тројца професори од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се стекнаа со благодарници и признанија доделени од Балканската асоцијација на хотелиери - БАХА за успешна соработка и постигнати резултати во секторот на услужни дејности и менаџирање.


Позлатена инсигнија и благодарница со ликот на учителот „Св. Наум“ и логото на БАХА му беше врачена на деканот на ФТУ - Охрид, проф. д-р Сашо Коруновски.

Воедно на состанокот во Софија од пред 2 недели, БАХА доенесе одлука да додели благодарница за добрата соработка помеѓу индустријата  и секторот на услужни дејности,  како и стопанството со Универзитетот, со која сме постигнале подобри резултати користејќи ги искуствата на научните работници.“  - истакна претседателот на ХОТАМ и дел од БАХА, Дончо Танески, на XII Меѓународна научна конференција за услужен сектор.



Деканот на ФТУ  - Охрид, проф. д-р Сашo Коруноски изрази благодарност, потенцирајќи дека Факутлетот за туризам и угостелство е еден од столбовите за развој на услужниот сектор.

Ова е секако е знак дека она што претходно било како соработка, продолжува и понатаму и секако дека Факултетот е еден од столбовите за развој на овој сектор.“ - истакна Коруноски.



Со признание и златен грош се стекна професор д-р Ангела Василевска, како награда за успехот посгитнат во делот на едукација на менаџментот.

Една од најстарите институции на балканските простори за едукација на ваков кадар е токму Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Поради активностите, посебно во делот на едукација на менаџментот доделуваме признание на проф. д-р Ангела Василевска, која покажала ислучителен напор и инвентивност.“ - потеницира Танески.



Благодарница му беше доделена и на продеканот за настава, проф. д-р Цветко Андреевски, за напорите вложени во практичната настава.

Инаку, денеска во просториите при Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (ФТУ) завршува традиционалната XII Меѓународна научна конференција за услужен сектор.


O.T.

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 578 гласови (30%)

Не - 1321 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833