ОГЛАСИ

Репортажа: „Рајска долина“ за вистинско уживање во вкусни рибни специјалитети

Живот | Репортажи / Фељтон | 17.07.2014 07:00Посети : 15752

Лето е вистинско време за откривање нови места и опуштање во природа. На 15 километри од Охрид на патот за Битола, во подножјето на селото Куратица се наоѓа рибникот – ресторан „Рајска долина“. Мирно, живописно место, внимателно и со стил уредено во „Рајска долина“. Ако го посетите ќе се уверите и самите зошто ова место е рајски убаво. 





Сместенo во раскошна природа, покрај Голема Река (Коселска), ова место плени со амбиентот кој го разубавуваат неколку големи езерца во кои се одгледува автохтона охридска пастрмка, крап и подмладок на речна пастрмка. 






Околу езерцата има летниковци, тераси и ресторан каде се служат исклучиво специјалитети од риба по прифатливи цени, и се разбира добра услуга. Сето тоа надополнето со свеж планински воздух и звуци од природата опкружена со вода.











„Рајска долина“ ја разубавуваат птици кои се шетаат во и покрај езерцата полни со риба. 







За најмладите изградено е детско катче со најразлични забавни реквизити, а на околу има убаво уредени паркови со интересни детали и широчина за игра и уживање.







Доколку уживате во природа и рибни специјалитети и барате мир од градската врева, посетете ја охридската „Рајска долина“ која е отворена за посетители од пладне до вечер.


OhridNews
Фото: Емилио

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 36 гласови (19%)

Полуфинале - 96 гласови (50%)

Финале - 59 гласови (31%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833