ОГЛАСИ

Тимската хемија, другарството и тренинзите го водат Охрид успешно низ суперлигашките предизивици

Спорт | Охрид | 05.12.2015 09:54Посети : 702

Тимската хемија, другарството во екипата и напорните тренинзи се тајната на успехот на охридските ракометари кои имаат брилијатни резултати и натпревари во Супер лигата сезонава.



Секојдневно пред и после тренинг и во текот на денот ракометарите на Охрид се заедно што дополнително ја подгрева атмосферата во екипата.


- Немаме тајни, сите сме како еден затоа и така добро функционираме. Се дружиме сите, излегуваме заеднички, прославуваме заедно и ќе тагуваме ако треба заедно. Неколкуте победи во серија ја кренаа самодовербата на целата екипа до максимално ниво, што почна да делува и нашиот противник. – рече Горан Печенковски.



Ресенчанецот во екипата сезонава игра во врна форма и е двигател на играта во напад на охриѓани. Тој одлично се вклопи во составот по повредата на Мите Караиванов уште на стартот од сезоната.


- Пребродувањето на повредата од Караиванов ја покажа нашата ментална подготвеност сезонава. Се додека функционираме како тим нема некое отсуство што ќе не поремети. Со него во составот во пролетниот дел од полусезоната ќе бидеме уште посилни, што ќе ни треба бидејќи ќе не очекуваат многу потешки мечеви. – додаде Печенковски.


Охриѓани со девет победи во единаесет натпревари се наоѓаат на втората позиција со шест бодови од лидерот Металург и со три бодови предност од третопласираниот Прилеп кој има натпревар повеќе.


Ohridnews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1235 гласови (88%)

Не - 161 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833